Екипите на Град Скопје почнаа да го расчистуваат кејот на реката Вардар околу новиот пешачки мост кај зградата на Македонскиот народен театар.
– Овој дел од кејот скоро осум години не беше прооден за пешаци и за велосипедисти поради градежните работи и натрупаниот градежен материјал поради изградбата на Панорамското тркало. Изградбата на мостот е готова, Панорамско тркало нема, а сега се работи на конечно ослободување и на оваа делница од кејот, за граѓаните да можат непречено да ја користат – соопшти Град Скопје.
Од овој потег досега се подигнати 27 кубни метри градежен материјал, а Градот најави дека чистењето ќе продолжи и во наредните денови.