Јавното комунално претпријатие „Гази Баба 2007“ започна со поставување нови полуавтоматски фонтани за пиење вода со двојна намена. Од нив вода ќе можат да пијат граѓаните и милениците.
– Ваков тип фонтани за пиење вода ќе бидат поставени насекаде низ општината, со оглед на можностите каде што ќе има услови за нивно поставување – велат општинските власти.
Од Општината дополнително апелираат да се зачуваат фонтаните, бидејќи се работи за доброто на заедницата и јавниот интерес.