Општината Карпош започна со асфалтирање на дел од улицата Новопроектирана, во населеното место Криви Дол. Надлежните велат дека станува збор за потег што со години бил во руинирана состојба. Поради тоа граѓаните газеа во кал и прашина, а сега тоа за нив ќе стане минато.
– Во претстојниот период ќе продолжи асфалтирањето на целата улица, со што значително ќе се олесни пристапот за голем број граѓани. Локалната самоуправа продолжува со планско развивање на голем дел од населбите, кои изгледаа отсечено од урбаното јадро – информираат од општината Карпош.
За нив, како што велат, подобрувањето на инфраструктурата е еден од главните предуслови за подигнување на квалитетот на животот.