Корисниците од неколку улици во Скопје од вечерва поради дефектќе имаат прекин во водоснабдувањето, соопшти Водовод.
На булеварот „Илинден“ раскрсница со улица „Манапо“ пукнала водоводна цевка.
Водоснабдувањето е во прекин на улиците: „Лубланска“, „Манапо“, „Струма“, „Огражден“, „Драгиша Мишковиќ“, „Роберт Кох“, „Трифун Пановски“, „Радика“, „Карпошево Востание“, „Никола Русински“ и „Бледски Договор“.
Со намален притисок ќе биде дел од булеварот „Партизански одреди“ на потег од раскрсницата со „Лубланска“ до раскрсницата со „Манапо“ од 20.15 часот до завршување на приклучокот.
Поради дефектот дел од булеварот „Илинден“ од улицата „Лубланска“ во правец на Центар до улица „Манапо“ ќе биде затворен за сообраќај.