Протестно движење почна во американските затвори и се очекува да трае до 9 септември, по повик на асоцијации што се борат за подобрување на условите на живот на затворениците и за „крај на ропството во затворите“, јавија американски медиуми.
Тие имаат десет барања меѓу кои итно подобруавање на условите во затворите, право на гласање за сите затвореници или крај на ропството во затворите.
Многу затвореници се принудени да работат во затворите за мали парични надоместоци.
Затворениците повикуваат на запирање на работата, да се почне штрајк со глад и затворениците да учествуваат во мирни протести. Протестното движење е поддржано од влијателната асоцијација за заштита на граѓанските права Американски сојуз за граѓански слободи. Во САД до крајот на 2016 година, имало 2,2 милиони затвореници според Министерството за правда.