Автобуската постојка во подрумот на Градскиот трговски центар (ГТЦ) во Скопје денеска од 12 часот нема да биде во функција до утре во утринските часови, соопшти ЈСП Скопје.
Автобусите на линијата „50“ во тој период ќе ја користат автобуската постојка до паркот „Жена борец“.
– Привременото затворање на постојката е поради централниот настан во рамки на манифестацијата „Зборува Скопје“ кој ќе се одржи во Графити галеријата во ГТЦ – се вели во соопштението од ЈСП Скопје.