Одборот за традиционалната прослава на Бадник со Скопје на прес-конференција ги претстави кумот и здравичарот за годинава. За кум е избран бизнисменот Љупче Николовски, а како здравичар беше претставен резбарот и пливачкиот тренер Миливое Алексиевски, попознат како Миле Сирма.
Оваа долгогодишна традиција ја поддржа и сегашниот градоначалник на општина Центар Саша Богдановиќ, кој го поздрави собирот и им посака успех на организаторите.
На 23 декември (недела) на пладне во месноста Краста, Одборот за прослава на Бадник во Скопје ќе ги претстави Кумот и Здравичарот за Бадник 2019 година и традиционално скопските бадникари ќе ги собираат бадниковите гранчиња што на 6 јануари ќе им бидат поделени на скопјани.
Централната прослава за Бадник стандардно ќе се одржи на 6 јануари на платото пред Соборниот храм во центарот на Скопје. П.С.