Меѓу првите кои ја изразија својата тага за угинувањето на жирафата Тебого беше Ристе Трајковски, зоо-негувателот во зоолошката градина во Скопје.
– Еве и јас да си ја искажам мојата болка. Ова утро ми почна работниот ден без едното мое милениче Тебого. Јас сум човек што тешко ја искажува својата емоција, но утрово душата боли, срцето е скршено. Секое утро ќе дојдат сите три до мене, ќе ме погледнат со муцињата, ќе мрткаат со ушињата, ќе почнам да им зборат, тука сум, дојдов, денот ќе ви го посветам вас. Тие се нешто посебно, големи животни но знаат да ја искажат својата љубов. Но ова утро тоа не го пучувствував од Тебого, не напушти. Колку само тие детски срца наполнија, ќе ни дојдеа дечиња со посебни потреби, ќе донесам на оградата сите тројца и ќе почнат да ги галат дечињата, колку на тие мили деца им е полно срцето. Те чував и се грижев за тебе со неизмерна љубов, знаеше колку те сакам и двојно ми возвраќаше. Празнина во душата за тебе, другарче големо мое. Почивај мирно во неко поубаво место Тобого мој… – објави Трајковски на својот профил на Фејсбук.
Во 2018 година негувателот Ристе и жирафите станаа вирален хит по објавувањето на нивните фотографии. Најпрво беа објавени на сајтот „Боред панда“, благодарение на фотографот Горан Анастасовски, кој и ги сподели, по што следеа објави и на други светски медиуми како „Битзер“, „Сшнијаги“, „Преса“, а една од фотографиите стана омилена и на уредниците од „Нешнл џиографик“.