Утре, во организација на Европското движење во Република Северна Македонија, кое дејствува во рамките на Меѓународното европско движење со седиште во Брисел, а по повод одбележувањето на Денот на европското знаме, ќе се одржи традиционалниот марш на Водно. Маршот ќе почне во 9 часот, велат од таму.
Информираат дека стартот на маршот традиционално е закажан пред Европската куќа (Europe House) со кус церемонијален дел кога претставници на Европското движење и на Делегацијата на ЕУ ќе ги разменат македонското и знамето на ЕУ, а на група планинари и други заинтересирани граѓани, како и членови на Европското движење, ќе им бидат доделени мали македонски знамиња и мали знаменца на ЕУ.
За време на маршот ќе бидат запазени сите мерки за претпазливост за движење во групи и заштита од пандемијата со Ковид-19, потенцираат организаторите.
Дообјаснуваат дека знамињата ќе се носат до врвот на Водно.