На плоштадот „Македонија“ во Скопје вечер ќе почне „Skopje Wine Expo“ на кој посетителите ќе имаат можност да пробаат врвни црвени, бели и розе вина и да уживаат во богатата музичка програма што ја подготви Град Скопје.
Фестивалот на виното ќе трае до сабота, а како музички гости најавени се Кристина Арнаудова, Игор Џамбазов, Дани Димитровска, Дуке Бојаџиев и групата „Фрајле“ од Нови Сад.
-На годинашниов „Skopje Wine Expo“, љубителите на вино ќе имаат можност да се запознаат и да разговараат за се што ги интересира за виното со некои од најдобрите енолози од регионот додека уживаат во најквалитетните вина и вкусните специјалитети како прилог со виното, велат од Град Скопје.