Детскиот културен центар „Карпош“ во соработка и поддржано од Град Скопје ја организира манифестација под мотото „Движи се за здравје“, која е традиционална и се одржува во склоп на Европската недела на движењето, што ќе трае до 22 септември.
За да се потсетиме дека вежбањето е се уште корисно, дури и во овие времиња на пандемија, ДКЦ „Карпош“ манифестацијата „Движи се за здравје“, ја прикажа денеска и онлајн, на фејсбук-страницата и на jутјуб-каналот на центарот.
– Целта на овој настан е да се потсетиме дека вежбањето е еден од главните фактори за правилен развој и раст кај децата, како и за подобрување на моториката од рана, предучилишна возраст. Воедно, на овој начин ги учиме децата да стекнат навика да го практикуваат спортот. Тие ќе ја откријат брзината и вештината во поминување на поставените полигони, возењето велосипед, тротинет и други спортски активности кои ги подготвивме за нив. Затоа придружите ни и следете ја манифестацијата „Движи се за здравје 2020“ онлајн и уживајте во неа – велат организаторите.