Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“ – Скопје од денеска почнува со редовното бележење на хоризонталната сигнализација на паркиралиштата со кои стопанисува, со цел полесно и попрегледно паркирање во општина Центар.
ПОЦ ќе почне со работа од Зона 01 и катната гаража „Судска палата“, а во текот на наредните неколку месеци ќе бидат обележани сите паркинг-места во другите зони и затворени паркиралишта.
ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ апелира до жителите да имаат разбирање за наведените активности бидејќи, по завршување на бележењето на паркинг-местата, ќе се добие подобра и пофункционална организација на паркирањето и ќе може да користат добро уредени и безбедни паркинг-места.