Меморандумот за соработка со неформалните собирачи на отпад потпиша денеска скопскиот градоначалник Петре Шилегов.
Целта на овој Меморандум, како што информираат од Град Скопје, е унапредување на соработката во управувањето со отпадот, како и вклучување на неформалните собирачи на отпад во формалниот систем за собирање и управување со отпадот во Скопје.
– Со овој Меморандум се обврзуваме дека заеднички ќе дејствуваме и соработуваме во интерес на подобрено управување со отпадот, унапредување на центрите за собирање, селектирање и складирање на отпадот на ниво на Град Скопје. Дополнително, со ова ќе се постигне формализирање на неформалните собирачи на отпад и нивно вработување, во организираниот систем за управување со отпад – рече градоначалникот Шилегов.