Откако заврши поставувањето на подигнатите пешачки платоа, во општина Центар започна обнова на вертикалната сообраќајна сигнализација, во зоните на општинските основни училишта и детски градинки, информираат локалните власти.
Од таму додаваат дека заменети се старите и оштетени сообраќајни знаци на улиците Никола Тримпаре и Апостол Гусларот, во непосредна близина на основното училиште „Ј.Х. Песталоци“ и матичниот објект на градинката „13-ти Ноември“; и на улицата 9 Мај, близу до градинката „Кочо Рацин“.
– Со поставувањето на сообраќајната сигнализација ќе се олесни движењето на граѓаните и возилата, децата безбедно ќе доаѓаат во градинките и училиштата, а значително ќе се подобри степенот на ориентација во овие зони – се наведува во соопштението на општина Центар.