Предлог-одлуката за давање согласност за изменување и дополнување на инвестициската програма на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје за 2018 година денеска е на дневен ред на седницата на Советот на Град Скопје.
Со оваа одлука се предвидува набавка на две специјални возила за собирање и транспортирање на комунален смет и странично подигнување на канти со смет, со капацитет од 2.200 и 3.200 литри. За набавката на овие две возила се зголемува оваа ставка во инвестициската програма на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје за 2018 година за 24 милиони денари или околу 400.000 евра.
Покрај набавката на нови возила, со измените во инвестициската програма на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје за 2018 година, се предвидува и набавка на 6.000 нови корпи за отпадоци за што се предвидени шест милиони денари или околу 100.000 евра.
На дневен ред на 18. седница на Советот на Град Скопје се Предлог-изменување и дополнување на Буџетот на Град Скопје за 2018, како и годишните извештаи за работата на средните училишта и ученички домови во Скопје за учебната 2017/2018 година, програмите за работа на средните училишта и на ученичките домови за 2018/2019 година…