Вкупниот трошок за топлинска енергија за потрошувачите на БЕГ се намалува за шест отсто, за потрошувачи на ЕЛЕМ Енергетика во Општина Гази Баба за 13,5 отсто, а во Скопје Север за 12 отсто. Од денеска вкупниот трошок за топлинска енергија за потрошувачите на БЕГ кој воедно е и најголемиот снабдувач на топлинска енергија, се намалува за шест отсто. Тоа значи дека сметката за парно на БЕГ, ќе се намали од 150 до 220 денари во зависност од висината на сметката.
Од СДСМ велат дека на годишно ниво тоа е над 2.000 денари заштеда во секое домаќинство кое се грее на парно.
– Откако Владата предводена од СДСM донесе одлука за намалување на ДДВ за топлинска енергија од 18 на 5 отсто, се овозможи и намалување на вкупните трошоци на потрошувачите на парно за 6 отсто. Оваа одлука овозможува и поголема енергетска ефикасност односно помала емисија на јагледроден диоксид како дел од мерките од Планот за чист воздух – појаснува СДСМ.