Петнаесет лица управувале возило без да стекнат право за управување, утврдила полицијата. Во текот на 29 и 30 ноември и во првиот ден од декември годинава, на подрачјето на Скопје, вработените од СВР, од сообраќај исклучиле 18 лица, од кои трojцa, затоа што управувале возила под дејство на алкохол и 15 затоа што управувале возила без возачка дозвола.
Исто така, од сообраќај биле исклучени 12 возила, бидејќи биле нерегистрирани. Полицијата санкционирала осум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, пет возачи поради недавање првенство на минување на пешаци и еден возач на мотоцикл поради неносење заштитен шлем. Во текот на изминатите денови 192 возила биле подигнати со специјално возило пајак.