Возачите се соочуваат со неочекувани проблеми на раскопан дел од булеварот Партизански одреди во Скопје.
Во непосредна близина на крстосницата пред „Сити Мол“ има ров длабок околу 20 сантиметри, каде што постои ризик за оштетување на возилата.
Токму ваква незгода се случи денеска, кога еден автомобил пропадна во раскопаниот дел, притоа оштетувајќи го браникот, како што забележа екипа на „Нова Македонија“.