Општина Центар соопшти дека работи на зголемување на безбедноста и на подигнување на свеста кај граѓаните и учесниците во сообраќајот.
Со фарбање на улиците во делот каде што е предвидена Зона 30 во Дебар Маало, се поставува хоризонтална сигнализација која што ќе ги предупредува учесниците во сообраќајот дека навлегуваат во зона на смирен сообраќај, посочуваат од општината.
Продолжува и поставувањето безбедносни столбови на улиците Дебар Маало за ослободување на тротоарите од нелегално паркираните возила и за слободно движење на пешаците. За подобрување на хигиената, во соработка со Комунална хигиена, од општината наведуваат дека ги замениле старите подземни контејнери со нови кои не рѓосуваат.
Од општината апелираат до жителите и до сите граѓани да ги почитуваат насоките и заложбите за чист Центар и заштита на животната средина.