Општина Кисела Вода преку секторот за месна самоуправа и социјална заштита и понатаму ја продолжува практиката за собирање на кабест отпад по урбани и месни заедници на територијата на општина Кисела Вода.
– Поаѓајќи од фактот дека одложувањето на кабест отпад претставува проблем за домаќинствата на територија на општина Кисела Вода и истиот се одложува на несоодветни локации на територија на општината, би сакале да Ве информираме дека во период од 13 до 24 септември во рамките на месните и урбаните заедници на општина Кисела Вода ќе бидат ангажирани одговорни лица и сезонски работници кои секојдневно ќе го собираат кабестиот отпад од пред домаќинствата или колективните згради на територија на општина Кисела Вода. Секој граѓанин-жител на општина Кисела Вода ќе може да закаже термин на телефонскиот број 072/313-331 секој работен ден од 9 до 15 часот во периодот од 6 до 13 август за подигање на кабест отпад – велат од општината.
Оттаму додаваат дека граѓаните кои ќе сакаат да им биде собран и одложен кабестиот отпад ќе бидат должни истиот да го одложат пред нивниот објект на безбедна локација со што не би ја загрозиле безбедноста на пешаците, велосипедистите и останатите учесници во сообраќајот кои ќе се движат во тој период.