Општина Кисела Вода го честита 13-ти Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје од фашистичките сили.
– Денеска, одбележувајќи го 13 ноември, ја славиме победата на македонските партизани над фашистичките сили, го славиме ослободувањето на нашиот град Скопје, ја славиме победата над најтемната идеологија на светот, фашизмот.
Пред 76 години, партизаните по долгите и тешки борби, водени низ скопските улици, на денешен ден го ослободија Скопје од фашистите, во градот донесоа живот без страв, ја донесоа долгоочекуваната слобода.
Овој голем значаен ден, да продолжи да нѐ потсетува на борбата за човекови права, на борбата за еднаквост, без разлика на припадностите на граѓаните.
Нека ни е честит 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје од фашистичките сили – го честиташе празникот Општина Кисела Вода.