По граѓанската иницијатива за чистење на дворот на „Гоце Делчев“, која се спроведуваше вчера од 16 часот, општината Карпош се приклучи и помогна во чистењето на студентскиот дом. Во акцијата беа вклучени комуналните служби на општината, опрема и механизација за полесно отстранување на отпадот.
Општината Карпош стапи во контакт и со Државниот студентски центар, за да бидат известени вработените во студентскиот дом и сите студенти за екоакцијата. А наедно ги повикаа сите заинтересирани граѓани и општествено одговорни субјекти да им се приклучат во акцијата и да дадат свој придонес.