Аеродромци добија два нови летниковци, места на кои граѓаните ќе можат да се дружат и да одмораат. Летниковците се донација од скопската пиварница, а беа поставени во близината на поликлиниката „Јане Сандански“, во делот на Стар Аеродром, и во паркот зад бензинската пумпа на „Лукоил“.
– Летниковците претставуваат нови места за дружење и за рекреација, каде што граѓаните ќе имаат можност да го негуваат маалскиот живот. Поставувањето на овие летниковци е дел од новата кампања на компанијата, со која се предвидува поставување на 15 летниковци во неколку општини низ земјава – велат од Аеродром.