Општина Чаир соопшти дека од утре едукативно-образовниот процес во О.У. „Исмаил Ќемали“, О.У.„Васил Главинов“ и О.У. „7 Марси“ ќе продолжи во нормални услови.
Двата дена во кои не се реализираше настава ќе се реализираат во целост во одредени датуми за кои учениците ќе бидат навремено известени.
Ова следи по решавањето на проблемот што „Скопје Север“ АД го имаше со снабдувањето со гас потребен за функционирање на грејниот систем во домаќинствата и основните училишта на територија на Општината.