Град Скопје ги известува граѓаните дека од утре (13 јуни, четврток) поради изведба на градежни работи за реконструкција на коловозот на булеварот „Партизански одреди“, на потегот од булеварот 8 Септември до мостот „Обединети нации“, ќе биде воведен привремен режим на сообраќајот.
Привремениот сообраќаен режим ќе се воведува во неколку фази – во првата фаза ќе биде затворена крајната десна сообраќајна лента на булеварот Партизански одреди, на потегот од мостот „Обединети нации“ до крстосницата со улицата Лондонска, во насока на движење кон центарот на градот, но нема да има промена на режимот на движење на автобусите на ЈСП.
Измената во сообраќајниот режим на овој дел од булеварот ќе важи до завршување на градежните активности за реконструкција на коловозот.