Осмото издание на Фестивалот на фигури од овошје и зеленчук „Сочни фигури“ се одржа денеска во кругот на Државното средно училиште за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ од Скопје, кое истовремено е и организатор на настанот.
На фестивалот учествуваа повеќе основни училишта од земјата, центри за едукација на деца со посебни образовни потреби, здруженија на граѓани.
Според организаторот, целта на фестивалот е преку забава и креативна ангажираност, учесниците меѓусебно да се запознаваат со што би се надминале сите видови различности(етнички, верски, интелектуални…).
Повод за организирање на фестивалот е одбележување на 16 Октомври – Светскиот ден на храната.