Општина Аеродром деновиве уреди нов парк спроти поликлиниката „Јане Сандански“ во населбата Стар Аеродром.
– На површина од две илјади квадратни метри се изградени нови пешачки патеки, а се поставени и чешмичка за вода и нови клупи и канти за отпадоци. Општина Аеродром го обнови и постојното детско игралиште каде што се поставени нови реквизити за безбедна игра на најмалите – информираат од Општината.
Оттаму додаваат дека јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ ги обнови тревните површини и ги уреди хортикултурно, а засадени се и нови дрвја на оваа локација.
Општината продолжува да ги обновува зелените површини и да подига нови зелени катчиња во секој дел од Аеродром.