Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, општината Бутел, денеска, на паркингот пред општинската зграда, организира новогодишен настан за своите жители и гости. Идејата е во една празнична и опуштена атмосфера граѓаните да се дружат и да се забавуваат.
За забавата и празничното расположение на присутните ќе се погрижат познати естрадни ѕвезди. Ќе настапат „Силви бенд“, Виолета Томовска, Круме Спасовски, Ефто Пупиновски, Ани Малинкова, „Акустико бенд“, Роки и пријателите и др.
– Настанот е закажан за 11 часот, а ќе биде збогатен со забавен дел во кој ќе бидат вклучени и учениците од основните училишта на територијата на општината Бутел.
Во присуство на градоначалникот Велимир Смилевски, присутните ќе го пречекаат и Дедо Мраз, најпосакуваниот дедо во овој период на новогодишни и божиќни празници – информираат од општината Бутел.