Картичката „Скопска“ на ЈСП -Скопје од денеска ќе може да се дополнува на уште 45 продажни места, пред сė, на најфрекфентните места во градот.
Како што соопштија од Јавното сообраќајно претпријатие, освен во 32 -те билетарници на претпријатието, оспособени се нови 45 апарати од Интегрираниот тарифен систем во секундарната продажна мрежа, а планирано е до среда во функција да бидат ставени уште 15 апарати.
Од ЈСП информираат дека е објавен јавен повик до сите заинтересирани продавници за соработка, но на колку места ќе може да се надополнува „Скопска“ ќе зависи од интересот на субјектите до кои има јавен повик за соработка.