ЈП Водовод и канализација – Скопје континуирано продолжува со инвестициите во своите капацитети со цел подобрување и унапредување на работните процеси согласно европските стандарди. На овој начин ЈП Водовод и канализација – Скопје овозможува услови за исполнување на сите работни процеси кои се директно поврзани со дејноста на претпријатието, а се однесуваат на потребите на граѓаните на град Скопје. ЈП Водовод и канализација – Скопје поставувајќи стандарди на работа во согласност со европските регулативи и директиви прераснува во јавно претпријатие кое го достигнува нивото на претпријатијата од истиот домен во европски рамки.
Секторот за санитарна контрола, во рамки на ЈП Водовод и канализација – Скопје, согласно инвестиционата програма пристапи кон обновување и доопремување на хемиската лабораторија со апаратура за гасна хроматографија и атомска апсорпција на жива во примероци на вода.
– Во согласност со потребите и прогресивниот развој на лабораториите во Секторот за
санитарна контрола при ЈП Водовод и канализација – Скопје се пристапи кон набавка на нова опрема за хемиската лабораторија за гасна хроматографија и атомска апсорпција на жива во примероци на вода. Имено, во хемиската лабораторија се инсталираше систем за продукција на ултра чиста дејонизирана вода, кој произведува лабораториска вода Тип 1, Тип 2 и Тип 3 како и атомски апсорбер за анализа на жива, кој е единствен во државата од ваков тип и со кој може да се анализираат примероци во цврста и течна состојба. Со цел исполнување на барањата од Правилникот за вода за пиење 183 од 2018 годна, хемиската лабораторија се доопреми и со Анализер за вкупен органски јаглерод и гасен хроматограф, уникатна опрема со која се изведуваат анализи од параметарот Трихалометани. Паралелно со процесот на набавка на новата опрема се спроведе и обука на персоналот. Со исполнување на овој циклус во хемиската лабораторија, Секторот за санитарна контрола, стана единствена институција во државата во која може да се изведуваат анализи од овој тип – посочи Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација Скопје.
Ова е само уште еден доказ дека Секторот за санитарна контрола, при ЈП Водовод и
канализација – Скопје е чекор понапред во својата работа која ја извршува одговорно,
транспарентно и во согласност со сите европски стандарди, регулативи и директиви.