Фото: Игор Бансколиев

Според микробиолошките анализи, во водата за пиење на водоснабдителниот систем на градот Скопје нема микроорганизми што би причиниле здравствени проблеми во организмот на човекот. Со анализите што секојдневно се вршат во нашата лабораторија, во согласност со Правилникот за безбедност на водата за пиење 183/18, воспоставена е максимална контрола врз квалитетот на водата за пиење што ја користи градот Скопје. Ние подлежиме под Правилникот за безбедност на водата за пиење 183/18, тоа е подзаконски акт од нашиот Закон за води, и особено е важно да ги исполнуваме сите негови барања. Со тоа го гарантираме квалитетот на водата за пиење, вели раководителката на Секторот за санитарна контрола, Билјана Петровска

Дури од педесетина локации низ градот Скопје, Секторот за санитарна контрола при јавното претпријатие „Водовод и канализација“ секојдневно зема примероци од водоснабдителниот систем, за да се потврдат безбедноста и квалитетот на водата што скопјани секојдневно ја консумираат.
Во лабораторијата секојдневно се вршат хемиска и микробиолошка анализа на водата за пиење, за да се потврдат нејзиниот квалитет и безбедност. Според раководителката на Секторот за санитарна контрола, Билјана Петровска, тестирањето почнува со земањето примероци на терен од близу 50 мерни места, потоа следува влез на истите тие во приемното одделение на Секторот за санитарна контрола, каде што се евидентираат за влез во лабораторија за анализа.
– Тука секојдневно доаѓаат околу педесет водени примероци од поднебјето на градот Скопје, или поточно од целото градско подрачје и приградските населби штоп се напојуваат со вода за пиење од градскиот водоснабдителен систем. Сите тие се под наша надлежност и секојдневна грижа и контрола – вели Петровска.
Таа додава дека по евидентирањето на дојдените водни примероци, анализата продолжува во Одделението за микробиолошка лабораторија и во Одделението за хемиска лабораторија, каде што дојдените водни примероци паралелно се распределуваат по 50 за микробиолошка анализа и 50 за хемиска анализа.

– Според микробиолошките анализи, во водата за пиење на водоснабдителниот систем на градот Скопје нема микроорганизми што би причиниле здравствени проблеми во организмот на човекот. Со анализите што секојдневно се вршат во нашата лабораторија, во согласност со Правилникот за безбедност на водата за пиење 183/18, воспоставена е максимална контрола врз квалитетот на водата за пиење што ја користи градот Скопје. Ние подлежиме под таа законска рамка, тоа е подзаконски акт од нашиот Закон за води, и треба да ги исполнуваме сите негови барања. Со тоа го гарантираме квалитетот на водата за пиење – вели таа.
Петровска истакна дека во хемиската лабораторија исто така постојат типови на параметри што ги карактеризираат видот на водата и квалитетот на водата за пиење и е важно да ги има во определени концентрации.
– Ние сме 80 проценти вода. За да функционираат биохемиските процеси во организмот, неопходно е преку водата да внесуваме одредени микроелементи во траги. Доколку ги нема, водата за пиење нема да има полезно влијанието врз функционалноста на нашиот организам. Значи, хемијата функционира многу различно од микробиологијата. Во микробиологијата тежнееме да нема присутни микроорганизми, додека во хемијата, микроелементите што се двигатели на биохемиските процеси во нашиот организам мора да ги има во одредени концентрации – нагласува таа.

Секторот за санитарна контрола секојдневно зема примероци од вода за пиење на водоснабдителниот систем на градот Скопје. Распространетоста на градската дистрибутивна мрежа е голема и со долга километража, која ги покрива населените места и селата Рашче, Бојане, Копаница, Зелениково, Моране, Батинци, Студеничани, Ракотинци, Добридол, Сопиште, Белви, Олимписко Село, селото Радишани во околината на градот.

– Од хемиски аспект, водата е строго контролирана. Тоа што влегува во нашиот водоснабдителен систем нема можност за продукција и формирање материи што би биле штетни за здравјето на луѓето. Кога се прават интервенции, како на дефекти на водоводна мрежа, за да нема можност од микробиолошко загадување, се преземаат заштитни мерки, кои се спроведуваат по отстранувањето на дефектот, како плакнење на мрежата и вршење дополнителна дезинфекција за одржување на водоснабдителниот систем во стабилна и хигиенско-технички исправна состојба, со строго внимание на целата состојба – информира таа.


Водата од водоснабдителниот систем е најдобра за пиење

Според раководителката на Секторот за санитарна контрола, Билјана Петровска, водата пакувана во шише е личен избор на граѓаните.
– Амбалажирана или вода пакувана во шише и онаа што тече во водоснабдителниот систем се два различни медиуми, со тоа шт

о водата во шише не подлежи под иста законска норма како што подлежи водата за пиење што тече во дистрибутивната водоводна мрежа. Водата пакувана во шише е фабрикувана вода, значи произведена во фабрика по некои норми. Таа е фабрички производ. На самото шише има декларација што посочува дали водата има одреден минералошки состав и како сето тоа ќе влијае врз вашиот организам. Има води пакувани во шише што се строго наменски и се внесуваат во одредено долг временски период и се за краткотрајна употреба. Ова што ние го испраќаме во нашиот дистрибутивен систем, тоа што го користат нашите граѓани во голем број е друг вид и друга категорија и друг квалитет на вода. Нашата вода е за секојдневна континуирана употреба и за добра благосостојба на здравј

ето на граѓаните што живеат на поднебјето на градот Скопје. Ако сме растеле во оваа средина и живееме долги години, минералогијата од водата што ја консумираме секојдневно е дел од нашите органски биохемиски процеси и тоа е многу важно да го задржиме како циклус за да можеме да функционираме здравствено. Сето она друго што патем ќе го користиме нека биде краткотрајно – истакна таа.
Опременоста на Секторот за санитарна контрола е организирана сразмерно со бројот на извршени анализи по земени примероци во однос на еквивалентот на жителите што се снабдуваат со вода од водоводниот систем на градот Скопје, според тоа се организира и контролата на квалитет

на водата за пиење, која е добар показател за добро функционирање и грижа за корисниците.


Со постојана надградба и усовршување се унапредуваат ИСО-стандардите

Билјана Петровска, раководителка на Секторот за санитарна контрола, нагласува дека лабораторијата во која ја тестираат водата е акредитирана.
– Ова е акредитирана лабораторија во категорија лаборатории за тестирање во Институтот за акредитација на Република Северна Македонија. Со тоа што секоја година доаѓа акредитациско тело што прави контрола за нашата работа, дали ние го одржуваме стандардот како што треба, како сето тоа го користиме апликативно во нашите лаборатории, во комбинација со законските норми, дали ги исполнуваме истите тие, со добивање оцена з

а целата работа. За да се одржи еден стандард, потребен е континуитет на едукацијата и информираноста, напредокот во техниката и технологијата, обуката на персонал е особено важна, а сето тоа склопено во едно. Не беше случајност што во 2018 година бевме првата сертифицирана лабораторија по новата верзија на стандардот ИСО 17025, која во своите барања го зголеми нивото на прецизност од аспект на постигната безбедност, особено за потрошувачите и корисниците на водата од нашиот водоводен систем. Значи, сите активности комбинирани и организирани мора да дадат една добра и успешна целина. Едно да недостига во оваа целина, вие не можете да го одржувате ИСО-стандардот. За секоја акредитирана лабораторија е битно особено кога знаете дека секои 12 месеци доаѓа инспекциско тело на Институтот за акредитација на РСМ, кој дава своја соодветна оценка за вашата работа и за сета работа што вие организациски, опремски и апликативно сте ја направиле во изминатиот период.

Ние сме реномирана институција и зад нас стои ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, со над стогодишно работно искуство, и мора да го одржиме реномето на високо ниво. Затоа секоја година напредуваме сѐ повеќе, со поддршка на менаџментот, а сето тоа го насочуваме кон понатамошен развој. Сето она што досега сме го аплицирале и сработиле, секогаш трендовски сме се труделе да бидеме први во својата област во делови што сметаме дека се особено важни да покажеме дека безбедноста и здравјето на населението кога се консумира вода од водоснабдителен систем како нашиот се на прво место – вели таа.
Според неа, важно е да се одржува веќе постигнатиот успешен рејтинг.
– Секоја година ќе се доопремуваме и во областа на хемијата и во областа на микробиологијата, се разбира во рамките на техничките можности во барањата на нашата струка и законските рамки, за да останеме доследни во нашата работа на водоснабдување на населението во градот Скопје дека без сомнеж може да пие вода од градската водоводна мрежа и дека не мора да користи вода спакувана во шише. Она што тече во нашите чешми е со исклучителен квалитет, за кој ние гарантираме. Неспоредливо сме меѓу најдобрите што имаат висококвалитетна вода за пиење во Европа, а да не зборуваме за потесниот регион – заклучува Петровска.

[email protected]