Општина Аеродром почна целосна реконструкција на јавното осветлување во населбата Лисиче.
Во рамки на активностите, информираат од општината, се заменуваат старите со нови метални столбови за јавно осветлување, кои сега се наоѓаат во дворните места на куќите во населбата.
Освен замената со нови, столбовите кои со години се наоѓаат во приватните дворови, ќе бидат поставени на јавна површина, односно на тротоарите.
Станува збор за 265 столбови и околу 330 нови светилки, за што општината издвои шест милиони денари.
Исто така, континуирано се врши тековно одржување на осветлувањето на целата територија на општината, а во текот на годинава е планирано и за првпат целосно осветлување на трговскиот центар во населбата Лисиче, посочуваат од општината.