Почна реконструкцијата на јавното осветлување во скопската населба Лисиче. Ќе бидат заменети 265 столба и околу 330 светилки, за што општината Аеродром издвои шест милиони денари.
Населбата ќе добие комплетно ново осветлување, а, како што велат од општината Аеродром, активностите вклучуваат заменување на старите метални столбови со нови, кои во моментов се наоѓаат во дворните места на куќите во населбата.
Исто така, столбовите што со години се наоѓаат во приватните дворови ќе бидат преместени на јавна површина, односно на тротоарите.
Од локалната самоуправа информираат и дека континуирано се врши и тековно одржување на осветлувањето на територијата на целата општина, а во текот на годината се планирани и активности за комплетно осветлување на трговскиот центар во населбата Лисиче.