Градот Скопје известува дека почнувајќи од утре (10 октомври) во 6 часот, па се до понеделник (12 октомври) во попладневните часови, целосно затворена за сообраќај ќе биде крстосницата кај македонското Собрание, односно крстосницата меѓу улиците 11 Октомври и Даме Груев, поради изведување градежни работи.
За сообраќај ќе бидат слободни само десното вртење од улицата Даме Груев кон улицата 11. Октомври и десното вртење од улицата Филип Втори Македонски кон улицата Димитрие Чуповски.
Автобускиот превоз ќе се движи по улиците Даме Груев и Филип Втори Македонски.
Градските власти апелира до сите учесници во сообраќајот да го почитуваат воведениот режим на сообраќај и поставената патна сигнализација.