Корисниците од улицата „Мирче Оровчанец“ во општина Центар утре од 9 часот ќе останат без водоснабдување.
Како што информира Регионалницот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник 80 милиметри на улицата „Мирче Оровчанец“ бр. 13 , а корисниците ќе бидат без вода се додека екипите на ЈП „Водовод и канализација“ не завршат со интервенцијата.
Заради реконструкција на водоводна мрежа со пречник 80 милиметри на улица „Блажо Орландиќ“, во населба „Лисиче“, утре од 9.30 часот до завршување на интервенцијата без водоснабдување ќе останат корисниците од улицата.