Секторот за инспекциски работи на општината Центар во изминатиот период, по засилените контроли и инспекции, издаде седум нови решенија за отстранување на урбаната опрема на правни лица што се наоѓаат на нејзина територија. Засилените контроли се одвиваа на локациите каде што има поставено дива и нелегална урбана опрема, како затворени тераси, маси и столови.
Решенијата се веќе дадени на понатамошна обработка, па, според тоа, правните лица имаат определен рок, во кој самите треба да постапат по решенијата и да ја отстранат урбаната опрема. Доколку не се случи тоа, општината ќе постапи по решенијата во рамките на својата законска ингеренција.
Општината Центар и градоначалникот Саша Богдановиќ апелираат до сите засегнати страни и правните лица да се придржуваат и да ги почитуваат правилата и процедурите за издавање одобрение за поставување урбана опрема и заградување на просторот.