Преполнети контејнери, затрупани со ѓубре има насекаде во населбите Ново Лисиче и Аеродром. Вакви слики се присутни и во другите скопски населби, Кисела Вода, 11 Октомври, Топанско Поле, Автокоманда… Граѓаните деновиве по социјалните мрежи објавуваа слики како оваа што ја забележа нашиот дежурен репортер и пишуваа постови во кои прашуваа дали има некој да го собере ѓубрето.
Локациите на кои има преполни садови со ѓубре станаа рај за мачките и за кучињата, кои царуваат по улиците, откако луѓето се затворија во своите домови. Решение за проблемов мора да има, како што треба да има и повеќе контејнери на местата каде што поставените не се доволни, зашто останаа затрупани од ѓубрето фрлено околу нив.