Општина Кисела Вода, со поддршка од бизнис-заедницата од овој дел на градот, за влезовите на колективните станбени згради, обезбеди дезинфекциски средства и држачи. Надлежните ги повикаа сите заинтересирани заедници на станари и управители на станбените згради да се пријават на телефонскиот број 072 313-331 од денеска од 8.30 до 16.30 часот или на електронската адреса [email protected], каде што треба да остават точна адреса, улица и број, како и телефон за контакт. Веднаш потоа одговорните од Општина Кисела Вода ќе пристапат кон нивно монтирање во зградите, чии управители го побарале тоа.
Од општината потсетуваат дека за колективни станбени згради се сметаат зградите со минимум осум станбени единици.
Надлежните велат дека мерките што ги преземаат се дел од владините препораки во насока на превенција и заштита од коронавирусот.