И администрацијата на јавното претпријатие „Комунална хигиена“ денеска ќе се вклучи во акција за чистење на централното градско подрачје, а по повод Глобалниот ден на чистотата.
Акцијата ќе се реализира под мотото „Одговорноста е наша, заедно за почисто Скопје“, а нејзиниот почетокот е закажан во 10 часот на Градскиот плоштад.
– На овој начин сакаме да покажеме дека чистотата и хигиената на Скопје не зависат само од екипите на ЈП „Комунална хигиена“, кои еднаш во текот на денот ги празнат садовите за отпад и ги метат и мијат јавните површини. Сите граѓани на главниот град со своето совесно однесување и со својот третман на сопствениот отпад придонесуваат за заштитата на нашата животна околина – вели, директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Абдусамед Шабани.
Преку оваа акција, комуналците уште еднаш апелираат до граѓаните својот комунален отпад да го ставаат само во кантите и контејнерите, а кабастиот во центрите за селекција на отпадот, да вршат примарна селекција на отпадот и да не создаваат диви депонии.
Од „Комунална хигиена“ ги повикуваат сите граѓани и институции да учествуваат во акцијата.