Градоначалникот Петре Шилегов и претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија Штефан Петер, потпишаа Меморандум за соработка со ЕВН за користење на изложбениот центар „Матка“, кој е прв од ваков вид во регионот.
– По потпишувањето на овој Меморандум, изложбениот центар „Матка“ ќе добие поголема промоција и стане повидлив на туристичката мапа на Скопје. Овој изложбен центар е добитник на наградата „Музеј на годината“ која ја доделува ICOM (International Council of Museums) – Македонија, а минатата година ја доби и националната награда за општествена одговорност, што ја доделува Министерството за економија – истакна Шилегов.
Тој додаде дека претставници на неколку универзитети во Македонија, на средни и на основни училишта, како и претставници на Бирото за развој на образованието, потпишале Иницијатива за користење на Изложбениот центар „Матка“ во едукативни цели, во насока на унапредување на образовниот процес.
Исто така, потсети дека се предвидени посети на учениците од средните училишта посетуваат на изложбениот центар во рамките на нивните екскурзии.