Земјотрес со Рихтерова магнитуда од 2,8 степени е регистриран синоќа во 21 часот и 29 минути во скопското епицентрално подрачје.
Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ соопшти дека земјотресот е почувствуван во Скопје и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.