Специјалното пајак-возило изминатата недела, од 27 март до 2 април, подигнало само десет непрописно паркирани возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, само три се отстранети од зонските паркиралишта, а преостанатите седум возила, по налог на сообраќајната полиција по основа на сторени прекршоци паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.
Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 90 сопственици на возила поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, десет возила се отстранети со пајак-службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.
Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да ги чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.
– Апелираме сите корисници на услугите за паркирање навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС или со греб-картичка- информираат од градот.