ЈП Водовод и канализација – Скопје, покрај редовните активности во рамки на основната дејност на претпријатието, секојдневните активности за подобрување и унапредување на водоводната и канализациската мрежа во град Скопје, како и имплементацијата на стандардот ИСО14001 – Систем за управување со заштита на животна средина, спроведува и општествено одговорни активности.
Во рамки на спроведување на општествено одговорните активности, ЈП Водовод и канализација – Скопје на почетокот на месец август 2020, во знак на одбележување на Светската недела на водата (24 – 28.8.2020), ја започна кампањата насочена кон подигнување на јавната свест за заштита на водоснабдителниот и системот за одведување на урбани отпадни води под мотото „Биди одговорен, однесувај се совесно“.
– Кампањата ја насочивме кон јавноста, од која сите сме дел, посочувајќи ги грешките кои се прават и последиците со кои се соочуваме како резултат на тие грешки; истакнувајќи ги факторите кои влијаат врз системите, начинот на кој влијаат и што ние како поединци можеме да направиме за да ги заштитиме. Сакаме и работиме на поткревање на јавната свест за одговорност и совесно однесување со цел постигнување на долгорочни промени во секојдневните навики, заштита на општествената и животната средина“ – посочи Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје.
Овој дел од кампањата го завршуваме заедно со вас граѓаните, вашите и наши совети за заштита на водоснадителниот и системот за одведување на отпадни води.