На вкупно 15 локации, од шалтер салата на Пошта до Градскиот парк, 25 светлосни дизајнери и уметници по четврти пат на Скопје и скопјани ќе им ја претстават магијата на светлосната уметност.
– „Skopje Light Art District“ како проект потекнува од „ROCK“ проектот, дел од Хоризонт 2020 програмата на ЕУ, наменета за истражување и иновации, каде градот Скопје е вмрежен и разменува искуства со уште 11 други градови од Европа. Фестивалот црпи директна инспирација од најстариот фестивал на светлосна уметност, „Fête des lumières“ кој секоја година се одржува во Лион, Франција и датира од далечната 1643-та година – велат организаторите.