Општина Центар Скопје од денеска започнува со спроведување на акцијата “Цел Центар на точак”, во чии рамки Општината ќе субвенционира 30% од цената на купување на нов велосипед, но најмногу до 3.000 денари.
Барањата со комплетна документација се доставуваат во архивата на Општина Центар-Скопје, барака број 6, почнувајќи од денеска. По доставувањето на документите, подносителите ќе бидат известени за редниот број на поднесокот и субвенционирањето.
Правото на субвенција е еднократно.
Акцијата ќе трае се до исцрпување на предвидените средства во Буџетот на Општина Центар-Скопје.