Жители на Ѓорче Петров попладнево се пожалија дека се вознемирени од рафално пукање во населбата.
Според некои граѓани, истрелите се слушале многу силно поради што побараа и информации што всушност се случува во овој дел на Скопје.
Од МВР смируваат дека станува збор за редовна вежба во касарната во Ѓорче Петров и порачуваат дека нема потреба за вознемиреност кај граѓаните.