По вчерашниот силемн ветер проследен со врнежи на дожд кој го зафати главниот град, екипи на „Водовод и канализација“, започнаа со расчистување.
– Од раните утрински часови екипите започнаа со активности за расчистување и непречено функционирање на атмосферската канализационата мрежа – информираат од јавното претпријатие.
Екипите вршат расчистување и проверка на функционалноста на сливниците и шахтите во сите општини на територијата на Скопје.