Државниот архив ги мотивира вработените да користат велосипеди преку поставување на рампи за велосипеди, во акција со која се искажува грижата за здрава животна средина, како што беше објавено на фејсбук-профилот на институцијата.
Директорот на државниот архив, Емил Крстевски, исто така, секојдневно оди на работа со велосипед, и покрај тоа што на располагање има службено возило и шофер.