Зоолошката градина Скопје денеска донираше три телевизори за Домот за деца без родители „11 Октомври“.
Директорката на Домот Соња Стамевска заедно со дел од штитениците ја посетија Зоолошката градина, каде директорот Ѓорѓи Галетановски им ги врачи телевизорите во форма на егзотични животни.
– На средбата беше договорена и понатамошна соработка меѓу Зоолошката градина и Домот за деца без родители „11 Октомври“, како и бесплатни едукативни тури и интерактивни работилници за сите дечиња од Домот- соопшти Зоолошката градина.