Градот Скопје ги избра најдобрите на јавниот конкурс за избор на најеколошка компанија, најголем придонес во областа на заштитата на животната средина, најубаво уреден двор на поединец или на компанија, и најубав состав и цртеж на темата „Екологија“ за ученици од основните и од средните училишта. Прокредит банка е избрана за најеколошка компанија и ќе биде наградена со 45.000 денари. Во категоријата за избор на најголем придонес за заштита на животната средина и природата добитник на наградата, во износ од 45.000 денари, е „Нула отпад“ ДОО Скопје. Дворот на Зоран Митиќ е најубаво уредениот двор на приватно лице, а се наоѓа во Аеродром, додека во категорија институции победник е ООУ „Свети Климент Охридски“, во селото Драчево. Победниците во оваа категорија се наградени со по 40.000 денари. Наградата за најубав состав на темата „Екологија“ за ученици од основните училишта ја доби Татјана Јовановска 8-1 одделение, од ООУ „Петар Поп Арсов“. Меѓу пријавените состави од ученици од средните училишта за најубав е прогласен составот на Христина Иванова 4-2 од СУГС „Никола Карев“. Двете ученички ќе бидат наградени со по 10.000 денари. Во категоријата за избор на најубав цртеж на темата „Екологија“ за ученици од основните училишта добитник на наградата е Харис Мусли, 8-2, од ОУ „Петар Здравковски Пенко“, а за ученици од средните училишта наградена е Мартина Арсеска, 4-1, од СУГС „Никола Карев“. И овие ученици ќе добијат по 10.000 денари.